Фукоово нишало
From Wikipedia, the free encyclopedia
Фукоовото нишало или Нишалото на Фуко — едноставен уред именуван по францускиот физичар Леон Фуко и замислен како експеримент за демонстрација на Земјината ротација. Нишалото било создадено во 1851 година и бил првиот експеримент што дал едноставни и директни докази за ротацијата на Земјата. Нишалото на Фуко денес се употребува во популарни прикази во научните музеи и универзитети.[1]