Фудбалска репрезентација на Сенегал
From Wikipedia, the free encyclopedia
Фудбалската репрезентација на Сенегал, позната и под прекарот "Лавовите на Теранга", го претставува Сенегал на меѓународните фудбалски натпреварувања и е под контрола на Фудбалската федерација на Сенегал. Репрезентацијата го имала својот прв настап на Светските првенства на изданието во 2002 година и таму направила огромно изненадување победувајќи го бранителот на титулата, светскиот и европски првак, Франција со 1-0 во воведниот натпревар на турнирот. Последователно, Сенегал стигнал до четвртфиналето на тој турнир, станувајќи само втората земја од Африка (после Камерун во 1990) која стигнала до оваа фаза на натпреварување која досега не ја има минато ниту една африканска репрезентација.
![]() | |||
Прекари(и) | Les Lions de la Teranga (Лавовите на Теранга) | ||
---|---|---|---|
Сојуз | Фудбалска федерација на Сенегал | ||
Конфедерација | ![]() | ||
Селектор | ![]() | ||
Капитен | Калиду Кулибали | ||
Најмногу настапи | Анри Камара (99) | ||
Најдобар стрелец | Анри Камара и Садио Мане (29) | ||
ФИФА код | SEN | ||
| |||
Пласман на рангирањето на ФИФА | |||
Моментално | 18 (10 февруари 2022)[1] | ||
Највисок | 18 (февруари 2022) | ||
Најнизок | 99 (јуни 2013) | ||
Прв меѓународен натпревар | |||
![]() ![]() (Гамбија; 1959) како Сенегал ![]() ![]() (Брег на Слонова Коска; 31 декември 1961) | |||
Најголема победа | |||
![]() ![]() (Сенегал; 28 септември 1972) | |||
Најлош пораз | |||
![]() ![]() (Гвинеја; 6 март 1966) | |||
Светско првенство | |||
Учества | 2 (првпат во 2002) | ||
Најдобар резултат | Четвртфинале 2002 | ||
Африкански куп на нации | |||
Учества | 16 (првпат во 1965) | ||
Најдобар резултат | Шампион, 2021 |
После 16 години чекање, репрезентацијата повторно се квалификувала на Светско првенство, правејќи го тоа на Мундијалот 2018 во Русија, каде настапот го завршиле уште во првата фаза.
Првиот настап на Африканскиот куп на нации, Сенегал го имал во 1965 година, кога како второпласирани во групата, загубиле со 1-0 од Брегот на Слоновата Коска во натпреварот за третото место. На Африканскиот куп на нации 1990, Сенегал уште еднаш завршил на четвртото место, а на првенството во 2002, тие за првпат се пласирале во финалето, во кое загубиле на пенали од Камерун. Откако загубиле уште едно финале, овојпат од Алжир во Африканскиот куп на нации 2019, Сенегал ја освоил својата прва титула на Африканскиот куп на нации, на изданието во 2021 година на кое во финалето го совладале Египет по изведување на пенали.