Фудбалска репрезентација на Јамајка
From Wikipedia, the free encyclopedia
Фудбалската репрезентација на Јамајка ја претставува Јамајка на меѓународните фудбалски натпреварувања и е под контрола на Фудбалската федерација на Јамајка (ЈФФ). Репрезентацијата е членка на КОНКАКАФ конфедерацијата, како и на субконфедерацијата на Карибите позната под името КФУ.
Сојуз | Фудбалски федрација на Јамајка | ||
---|---|---|---|
Конфедерација | КОНКАКАФ | ||
Селектор | Тиодор Витмор | ||
Капитен | Андре Блејк | ||
Најмногу настапи | Јан Гудисон (128) | ||
Најдобар стрелец | Лутон Шелтон (35) | ||
Домашен стадион | Индепенденс парк | ||
| |||
Пласман на рангирањето на ФИФА | |||
Моментално | 56 (април 2019) | ||
Највисок | 27 (август 1998) | ||
Најнизок | 116 (октомври 2008) | ||
Прв меѓународен натпревар | |||
Хаити 1 - 2 Јамајка (Порт о Пренс, Хаити; 22 март 1925) | |||
Најголема победа | |||
Јамајка 12 - 0 Дев. Острови (Гранд Кајман, Кајмански О.; 4 март 1994) Јамајка 12 - 0 Свети Мартин (Кингстон, Јамајка; 24 ноември 2004) | |||
Најлош пораз | |||
Костарика 9 - 0 Јамајка (Сан Хосе, Костарика; 24 февруари 1999) | |||
Светско првенство | |||
Учества | 1 (првпат во 1998) | ||
Најдобар резултат | Групна фаза, 1998 | ||
КОНКАКАФ Голд куп | |||
Учества | 13 | ||
Најдобар резултат | Вицешампион, 2015 и 2017 | ||
Копа Америка | |||
Учества | 2 (Прво во2015) | ||
Најдобар резултат | Групна фаза, 2015 и 2016 |
Најголемите успеси на Јамајка се 6 титули во Карипскиот куп, од кој последната била освоена во 2014 година кога го победиле Тринидад и Тобаго во финалето. Покрај тоа, Јамајка била двапати финалист на КОНКАКАФ Голд купот во 2015 и 2017 година кога загубиле од Мексико и САД.
Репрезентацијата на Јамајка досега има забележано само еден настап на Светските првенства во 1998 во Франција, каде бил елиминирани уште во групната фаза. Во групата Х во која уште биле и Аргентина, Хрватска и Јапонија, забележале два порази и една победа над Јапонија што било доволно само за освојување на третото место во групата.