From Wikipedia, the free encyclopedia
Фридрих Август II (германски: Friedrich August II; 18 мај 1797 - 9 август 1854) — крал на Саксонија од домот на Ветин.
Фридрих Август II | |||||
---|---|---|---|---|---|
Портрет од Карл Кристијан Фогел фон Вогелштајн | |||||
Крал на Саксонија | |||||
На престол | 6 јуни 1836 - 9 август 1854 | ||||
Претходник | Антон | ||||
Наследник | Јован | ||||
Роден(а) | 18 мај 1797 Дрезден, Изборно Кнежевство Саксонија | ||||
Починал(а) | 9 август 1854 (возр. 57) Каростен, Австриско Царство | ||||
Почивалиште | |||||
Сопружник | Мери Каролина (Надвојвотката од Австрија) (в. 1819; п. 1832) Марија Ана од Баварија (в. 1833) | ||||
| |||||
Династија | Династија Ветин | ||||
Татко | Максимилијан, принц од Саксонија | ||||
Мајка | Каролина од Бурбон, принцеза од Парма | ||||
Вероисповед | Римокатоличка црква |
Тој бил најстариот син на Максимилијан, принцот од Саксонија - помладиот син на кнезот избирач Фридрих Кристијан од Саксонија - од неговата прва сопруга, Каролина од Бурбон, принцезата од Парма.
Од неговото раѓање било јасно дека еден ден Фридрих Август ќе стане владетел на Саксонија. Неговиот татко бил единствениот син на кнезот избирач Фридрих Кристијан од Саксонија кој немал живи машки потомци. Кога починал кралот Фридрих Август I (1827), а Антон го наследил како крал, Фридрих Август станал втор во редот на престолот, а пред него бил само неговиот татко Максимилијан. Меѓутоа, тој не учествувал во управувањето на земјата.[1]
Тој бил офицер во Војната на Шестата коалиција, но имал мал интерес за воени работи.
Јулската револуција од 1830 година во Франција го означил почетокот на немирите во Саксонија таа есен. Народот барал промена на уставот и млад регент на кралството кој би ја делел власта со кралот Антон. На 1 септември, принцот Максимилијан се откажал од своите права на наследување во корист на неговиот син Фридрих Август, кој бил прогласен за принц-ко-регент (германски: Prinz-Mitregenten). На 2 февруари 1832 година Фридрих Август донел слободна автономија на градовите. А со указот од 17 март истата година, земјоделците биле ослободени од Кулук (присилна работа, работна обврска на селаните кон феудалниот господар). Неговата популарност и либералните реформи брзо ставиле крај на незадоволството.[1]
На 6 јуни 1836 година, кралот Антон починал, а Фридрих Август го наследил. Како интелигентен човек, тој брзо станал популарен меѓу луѓето како што бил уште од времето на неговото регентство. Новиот крал ги решавал политичките прашања само од чисто чувство на должност. Најчесто тој ги оставал овие работи во рацете на неговите министри.
Стандардизирана јурисдикција за Саксонија го создала Кривичниот законик од 1836 година. За време на револуционерните немири од 1848 година (Мартската револуција), тој назначил либерални министри во владата, ја укинал цензурата и го вовел либералниот изборен закон. Подоцна неговиот став се променил. На 28 април Фридрих Август II го распуштил парламентот, а во 1849 година бил принуден да побегне во тврдината Кенигштајн. Мајското востание било задушено од саксонските и пруските трупи, а Фридрих можел да се врати по само неколку дена.
Оттогаш, неговото владеење било спокојно и просперитетно. Подоцна, грофот Беуст, водач на австриската и феудалната партија во Саксонија, станал негов главен министер и ја водел неговата политика во повеќето прилики.[1]
За време на патување во Тирол, тој доживеал несреќа во Бренбихел во која паднал пред коњ кој му згазнал на главата. На 8 август 1854 година, тој починал во Гастоф Нојнер. Тој бил погребан на 16 август во Хофкирхе во Дрезден. Во негово сеќавање, кралицата Марија организирала да се воспостави кралска капела (Königskapelle) на местото на несреќата, која била осветена една година подоцна, а некои од последните членови на саксонското кралско семејство, вклучително и Марија Емануел, Маркгрофот од Мајсен се погребани покрај капелата.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.