Фрегата
From Wikipedia, the free encyclopedia
Фрегата (англиски: frigate) — вид воен брод. Изразот се користи за бродови со различни големини и видови, во зависност од епохата. Карактеристичните белези на фрегатата се брзината и средната големина, така што бродот може да се користи за патролирање, извидување, уништување на мали и трговски бродови на непријателот итн.[1][2]