Француски републикански календар
From Wikipedia, the free encyclopedia
Француски републикански календар или Француски револуционерен календар – календар предложен во текот на Француската револуција, а француската влада го користела околу дванаесет години, од крајот на 1793 до 1805 година. Причина за тоа била желбата на радикален начин да се пресече сѐ што имало врска со стариот режим и Католичката црква.
Од 15 јули 1789 година, ден после заземањето на Бастилја, до крајот на 1789 траела 1 година на слободата (француски: [An I de la liberté] Error: {{Lang}}: text has italic markup (help)). Бидејќи претходно се користел грегоријански календар, оваа година траела само 5 и пол месеци. 1 јануари 1790 годин бил почеток на 2 година на слобода. На 10 август 1792 година, денот на јуришот на Тилери, бил одреден за почеток на 1 година на еднаквоста.
На 22 септември 1792 година била укината монархијата, а тековната година била преименувана во 1 година на Француската Република (француски: [An I de la République Française] Error: {{Lang}}: text has italic markup (help)). Националниот конвент на 5 октомври 1793 година одлучил да се измени начинот на броење на месеците и деновите. Новиот календар конвентот го усвоил на 24 октомври 1793 година, а за почеток на сметање на годините по новиот календар бил одреден 22 септември 1792 година. Делот од 1793 година до 21 септември, кој претходно бил сметан во 2 година на републиката, бил земен за 1 година на републиката.
Овој календар го укинал Наполеон Бонапарт во 1805 година по конкордатот со Католичката црква. Календарот повторно влегол во употреба во текот на Париската комуна во 1871 година.