Фотоновинарство
From Wikipedia, the free encyclopedia
Фотоновинарството — посебен вид новинарство (собирање, уредување, и претставување на материјал со новости за издавање или емитување) каде се создаваат фотографски слики со цел да ја раскажат приказната на веста. Под ова се подразбираат слики, но во некои случаи тоа може да биде и видео кој се користи во емитуваното новинарство. Фотоновинарството е разграничено од другите блиски гранки на фотографијата (како што се документарната фотографија, социјално-документарната фотографија,улична фотографија или фотографија на јавни личности) со неговите квалитети:
- Правовременост – сликата има значење во контекстот на неодамна објавената вест или настан.
- Објективност – ситуацијата која се подразбира од сликите е праведна и прецизна презентација на настаните кои се покажани подеднакво содржински и во контекст.
- Наративност – сликите се комбинираат со другите елементи на вестите за да направат фактите поблиски до гледачите или читетелите на културно ниво.
Како писател, фотоновинарот е репортер но тој или таа често мора да донесува брзи одлуки и со себе да носи фотографска опрема, и често е изложен на значајни препреки (физичка опасност, временски услови, гужви).