хемиско соединение From Wikipedia, the free encyclopedia
Флавин мононуклеотид (FMN), или рибофлавин-5'-фосфат, е соединение кое се добива од рибофлавин (витамин Б2) под дејство на ензимот рибофлавин киназа и има улога на простетична група кај разни оксидоредуктази, вклучувајќи ја NADH дехидрогеназата, како и улога на кофактор кај биолошките фоторецептори за сина светлина.[1][2] Во текот на каталитичкиот циклус, се одвива реверзибилна интерконверзија на FMN од неговата оксидирана форма (FMN), во неговата полухинонската форма (FMNH•) и во неговата редуцирана форма (FMNH2), во рамките на оксидоредуктазите каде се наоѓа како кофактор. FMN е појак оксидирачки агенс во споредба со NAD, а е од особено значење во биолошките редокс процеси бидејќи може да учествува во трансфер на еден или два електрона.[1]
Други називи FMN | |
Назнаки | |
---|---|
146-17-8 | |
ChEBI | CHEBI:17621 |
ChEMBL | ChEMBL1201794? |
ChemSpider | 559060 |
InChI
| |
IUPHAR/BPS |
5185 |
3Д-модел (Jmol) | Слика |
MeSH | Flavin+mononucleotide |
PubChem | 643976 |
| |
UNII | 7N464URE7E |
Својства | |
Хемиска формула | |
Моларна маса | 0 g mol−1 |
Точка на топење | |
Дополнителни податоци | |
(што е ова?) (провери) Освен ако не е поинаку укажано, податоците се однесуваат на материјалите во нивната стандардна состојба (25 °C, 100 kPa) | |
Наводи |
FMN е главната форма во која се наоѓа рибофлавинот во клетките и ткивата. За негово создавање потребна е енергија од ATP, но сепак тој е повеќе растворлив во водената средина на цитоплазмата од рибофлавинот.[3]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.