Финале на ФА Купот во 2021 година
From Wikipedia, the free encyclopedia
Финалето на ФА Купот во 2021 година бил фудбалски натпревар, со кој се одредил победникот на ФА Купот за сезоната 2020-2021. Ова било 140-тото финале на ФА Купот, англискиот фудбалски куп организиран од страна на ФА. Финалето било одиграно на Вембли на 15 мај 2021 година, а во него се сретнале екипите на Челси и Лестер Сити.
Матична статија: ФА Куп 2020-2021.
Финале на ФА Купот во 2021 година | |||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|
Вембли бил домаќин на финалето | |||||||
Првенство | ФА Куп 2020-2021 | ||||||
| |||||||
Датум | 15 мај 2021 (2021-05-15) | ||||||
Стадион | Вембли, Лондон | ||||||
Играч на натпреварот | Јури Тилеманс (Лестер Сити) | ||||||
Судија | Мајкл Оливер[1] | ||||||
Гледачи | 20,000[note 1][2] | ||||||
Временски прилики | Силен дожд[3] | ||||||
← 2020 2022 → |
Финалето било решено во 63-тата минута, кога паднал единствениот гол во натпреварот, а стрелец бил Јури Тилеманс од Лестер Сити. Така, четирикратниот вицешампион, Лестер Сити, го победил фаворитот Челси со 1-0, освојувајќи ја својата прва титула во ФА Купот во својата клупска историја.
Натпреварот, исто така, бил меѓу еден од првите настани каде било забележано враќањето на голем број гледачи на трибините по пандемијата на КОВИД-19.