Финале на УЕФА Лигата на шампионите во 1998 година
From Wikipedia, the free encyclopedia
Финале на УЕФА Лигата на шампионите во 1998 година бил финалниот натпревар на УЕФА Лигата на шампоните за сезоната 1997-1998. Натпреварот се одиграл на 20 мај 1998 година, на Амстердам Арена во Амстердам, а во него во борба за трофејот во најсилното европско фудбалско натпреварување влегле екипите на Јувентус и Реал Мадрид.
Матична статија: УЕФА Лига на шампиони 1997/98.
Финале на УЕФА Лигата на шампионите во 1998 година | |||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|
Првенство | УЕФА Лига на шампиони 1997/98 | ||||||
| |||||||
Датум | 20 мај 1998 | ||||||
Стадион | Амстердам Арена, Амстердам | ||||||
Судија | Хелмут Круг | ||||||
Гледачи | 48,500 | ||||||
← 1997 1999 → |
Со пласманот во ова финале, Јувентус стигнал до натпреварот за титулата трета последователна година (победиле во 1996, загубиле во 1997), додека Реал Мадрид стигнал до своето прво финале откако натпреварувањето било преименувано во УЕФА Лига на шампиони.
Реал Мадрид го победил во финалето Јувентус со 1-0, а стрелец на единствениот гол бил Предраг Мијатовиќ. Така, кралскиот клуб стигнал до својата седма европска титула, прва по 32 години чекање. Голот постигнат од страна на Реал Мадрид подоцна поттикнал бројни контроверзии поради наводен офсајд во кој се нашол Мијатовиќ пред да ја смести топката во мрежата на Јувентус,[1] но сепак истиот бил признат од страна на главниот судија Хелмут Круг од Германија.