Филмски плакат
From Wikipedia, the free encyclopedia
Филмски плакат — плакат чија главна цел е промоција на некое филмско дело. Најчесто тие содржат впечатлива слика која треба да го зголеми интересот кај населието за дадениот филм. Претежно на овие плакати се среќаваат главните ликови од филмот или некоја впечатлива сцена. Често се среќаваат и комбинации од повеќе сцени. Порано се користеле цртежи наместо слики, поради техничките можности.
Освен слика, тие содржат и текст кој скоро секогаш е составен од имињата на главните глумци, режисерот и насловот на филмот пропратен со некој слоган или впечатлива реченица. Најчесто тука е и датумот на издавање или премиерата во кино. Филмските плакати најчесто се објавуваат пред или во кино салите, како и надвор во трговски центри или прометни улици. Истата слика често се користи и за флаери и памфлети или друг рекламен материјал со поинаква големина. Филмските плакати се стари колку и филмовите, со тоа што на почетокот на XX век тие биле едноставни илустрации од некоја сцена или пак уметничка интерпретација на некое случување од филмот или општо ја обработува филмската тема.