италијански фудбалер и тренер From Wikipedia, the free encyclopedia
Филипо Инѕаги (италијански: Filippo Inzaghi; 9 август 1973 ) — италијански фудбалски тренер и поранешен фудбалер. Тој е моментално без ангажман откако последно беше тренер на екипата на Болоња во 2019 година.
Филипо Инѕаги | |||
---|---|---|---|
Лични податоци | |||
Полно име | Филипо Инѕаги | ||
Роден на | 9 август 1973 | ||
Роден во | Пјаченца, Италија | ||
Висина | м | ||
Играчки податоци | |||
Позиција | напаѓач | ||
Повлекување | 1 јули 2012 (38 г.)- како играч | ||
Младинска кариера | |||
Пјаченца | |||
Кариера* | |||
Години | Клуб | Наст.† | (Гол.)† |
1991–1995 | Пјаченца | 39 | (15) |
1992–1993 | → Албинолефе | 21 | (13) |
1993–1994 | → Верона | 36 | (13) |
1995–1996 | Парма | 15 | (2) |
1996–1997 | Аталанта | 33 | (24) |
1997–2001 | Јувентус | 122 | (58) |
2001–2012 | Милан | 202 | (73) |
Total | 466 | (197) | |
Репрезентација | |||
1993–1996 | Италија 21 | 14 | (3) |
1997–2007 | Италија | 57 | (25[1]) |
Раководител на екипите | |||
2013–2014 | Милан (Примавера) | ||
2014–2015 | Милан | ||
2016–2018 | Венеција | ||
2018–2019 | Болоња |
Инѕаги настапувал на позицијата напаѓач за неколку италијански клубови, а најголемиот дел од својата кариера го поминал во екипите на Јувентус и Милан, со кој освои две титули во Лигата на шампионите во (2003 и 2007), и три скудета во Серија А, едно со Јувентус во 1998 година и две со Милан во 2004 и 2011 година. Тој е еден од најплодните напаѓачи на сите времиња, и е на петтото место во Италија, со 313 постигнати голови во официјалните натпревари. Тој во моментов е четврти голгетер на УЕФА евиденција на клупско натпреварување и статистика со постигнати 70 гола, веднаш зад Раул Гонсалес, Лионел Меси и Кристијано Роналдо. Тој е, исто така, врвен меѓународен стрелец на Милан во историјата на клубот со 43 голови. Исто така го држи рекордот со најмногу хет-трика во Серија А - 10.
На репрезентативно ниво, Инѕаги забележал 57 настапи за италијанската репрезентација во периодот меѓу 1997 и 2007 година, постигнувајќи 25 гола. Тој ја претставувал својата земја на три Светски првенства, и бил во составот 2006-тата година на Светско првенство во Германија каде италијанците го освоиле златниот медал. Исто така тој учествувал и на Европскот првенство 2000, каде што го освоил второто место на турнирот.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.