Филипо Брунелески
From Wikipedia, the free encyclopedia
Филипо Брунелески (италијански: Filippo Brunelleschi; Фиренца, 1377 - Фиренца, 15 април 1446 ) — истакант италијански архитект, вајар и инженер, кој се смета за еден од пионерите на раноренесансната архитектура во Италија. Зазема значајно место, не само во архитектурата, туку во целата ренесансна уметност во Италија. Неговото најзначајно дело е куполата на катедралата „Санта Марија дел Фјоре“ во Фиренца, која била изградена со помош на машина која самиот Брунелески ја измислил за тој потфат.
Филипо Брунелески Filippo Brunelleschi | |
---|---|
Претпоставен портрет на Брунелески од дело на Мазачо | |
Роден(а) | Филипо ди сер Брунелеско ди Липо Липи[1] 1377 Фиренца, Италија |
Починал(а) | 15 април 1446 (на 68–69 г.) непознато |
Познат(а) по | архитектура, вајарство, машинско инженерство |
Значајни дела | купола на Фирентинската катедрала (Санта Марија дел Фјоре) |
Правец | рана ренесанса |
Голем дел од она што се знае за неговиот живот и дело е благодарение на неговиот помлад современик, Антонио де Тучо, кој во 1480 година ја напишал неговата биографија. За животот и делото на Филипо Брунелески сведочи и Антонио Манети, според кој Брунелески бил почестен со тоа што бил погребан во катедралата Санта Марија дел Фјоре со мермерна биста, којашто се вели дека била создадена за време на неговиот живот и била поставена на неговиот гроб како епитаф.[2]