Физичка активност
From Wikipedia, the free encyclopedia
Физичка активност е која било телесна активност којашто ја зголемува или одржува физичката форма, општото здравје и добросостојба. Физичката активност се практикува од различни причини, меѓу коишто: зајакнување на мускулите и на кардиоваскуларниот систем, подобрување на атлетските способности, губење или одржување на телесна тежина, како и поради чувството на задоволство коешто се добива како резултат на вежбањето. Честата и редовна физичка активност го подигнува имунолошкиот систем и помага во превенција од "цивилизациските болести" како што се срцева болест, кардиоваскуларна болест, дијабет - тип 2 и прекумерна дебелина.[1][2] Таа исто така го подобрува менталното здравје, помага во превенција од депресија, помага во зголемување и одржување на нивото на самодоверба, дури може да ја зголеми и сексуалната привлечност и да го подобри физичкиот изглед на една личност, коишто исто така се поврзани со повисок степен на самодоверба.[3] Грижата за дебелината на децата е во пораст на глобално ниво,[4] а физичката активност може да помогне да се намалат некои од последиците од дебелината кај деца и возрасни. Здравствените работници честопати го нарекуваат вежбањето "дрога којашто прави чуда" - алудирајќи на широката разновидност од докажаните предности коишто тоа ги нуди.[5]
![]() | Оваа статија можеби бара дополнително внимание за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме подобрете ја оваа статија ако можете. |