Фејсбук
From Wikipedia, the free encyclopedia
Фејсбук (англиски: Facebook) — мрежно место што служи како услуга за друштвено вмрежување со слободен пристап која функционира и е приватна сопственост на корпорацијата Facebook Inc.[1][4] Корисниците можат да се придружат на мрежи организирани по градови, работни места, училишта и региони за да се поврзат и комуницираат едно со други. Тие, исто така можат да додааваат пријатели и да им испраќаат пораки и да ги ажурираат нивните лични профили за да ги известат пријателите за себеси. Името на мрежното место се однесува на документот „фејсбукс“ кој ги опишува членовите на универзитетската заедница, кој некои американски колеџи и подготвителни училишта го давале на новодојдените студенти, факултети и вработени како начин да се запознаат останатите луѓе на универзитетот.
Оваа статија или заглавие има потреба од викифицирање за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме помогнете во подобрувањето на оваа статија со соодветни внатрешни врски. |
Вид | приватна |
---|---|
Основано | Кембриџ, Масачусетс, САД (4 февруари 2004)[1] |
Основач | Марк Закерберг Дастин Москович Крис Хјус Едуардо Саверин |
Седиште | Пало Алто, Калифорнија Даблин, Ирска (интернационално седиште за Европа и Африка) Сеул, Јужна Кореја (интернационално седиште за Азија) |
Доход | ▲ 5.08 билиони $ (2012)[2] |
Вработени | 900+ [3] |
Мреж. место | Facebook.com |
Мрежата ја основал Марк Закерберг, заедно со Дастин Москович, Крис Хјус и Едуардо Саверин, додека бил студент на универзитетот Харвард. додека бил студент по.[5] Корисничките сметки на мрежното место, на почетокот биле ограничени само за студентите на Харвард, но набргу станало достапно и за студентите од другите универзитети од Бршленската Лига. Потоа, мрежата стана достапна и за средношколците, но и сите останати лица. Во септември 2006 година беше утврдено дека корисник на може да биде секој кој има повеќе од 13 години и има постоечка електоронска пошта.
Фејсбук наиде на некои контроверзности во последните неколку години. Повремено беше блокиран во неколку земји, како во Сирија и Иран. Исто така, беше и забранет на многу работни места за да ги одвратат вработените од губење време додека ја користат услугата. Приватноста исто така беше проблем и се спогодуваа неколкупати. Исто така се соочуваше со неколку судски постапки од бројни поранешни колеги на Закерберг, кои тврдеа дека Фејсбук го украл нивниот изворен код и друга интелектуална сопственост.