Фернандо Алонсо
From Wikipedia, the free encyclopedia
Фернандо Алонсо Диаз (роден на 29 Јули 1981) е двократен Светски Формула Еден Шампион. Моментално е пилот на тимот Aлпин. на 25 Септември 2005 ја освои титулата Светски Формула Еден Шампион на возраст од 24 години и 58 дена, што во тоа време го правеше најмладиот Светски Шампион. Следната година тој ја брани титулата и со тоа Алонсо станува најмладиот Двократен Шампион. Во неговото родно место Астурија познат е по неговиот прекар Ел Нано. Исто така Алонсо е и Амбасадор на Добрата волја во УНИЦЕФ.