From Wikipedia, the free encyclopedia
Федар (околу 15 г.пр.н.е., Македонија или Тракија — 50 година од н.е., Стар Рим) — римски писател на басни и преведувач на Езоп од првиот век од нашата ера.
Федр бил роб донесен во Рим каде што завршил во семејството на римскиот цар Август. Август му дал слобода и можност да се школува. Нему му се припишуваат 97 басни напишани на латински, во јамбски стихови, собрани во пет книги. Овие книги имаат заеднички наслов. Од самиот наслов на неговото дело може да се заклучи дека тоа му припаѓало на императорот Август. За време на владеењето на императорот Тибериј, наследникот на Август, Федар паднал во немилост кај Сејан, командантот на преторијанската гарда на Тибериј. Федар не можел да ја објави својата трета книга басни во Рим сè до смртта на Сејан. Во прологот на својата прва книга басни, Федар истакнува дека сите басни во книгата се всушност на Езоп, преведени на латински и римувани. Во прологот на втората книга не се споменува Езоп, прологот на тратата книга истакнува дека Езоп му бил пример на Федар, а во прологот на петтата книга се вели дека Федар го користи името на Езоп за да им ги препорача своите басни на читателите. Четвртата книга нема пролог.
Многу од неговите басни не се на Езоп бидејќи се однесуваат на настани што се случиле по смртта на Езоп. Неговиот поетски израз е јасен и концизен, а латинскиот јазик од времето на Август е чист и правилен. Секогаш кога отстапувал од грчкиот оригинал, Федар секогаш имал работа со цензурата.
За време на неговиот живот, Федар немал материјална корист од книгите со басни што ги објавувал. Во староримската книжевност останал запаметен како писател кој ги вовел басните како посебен книжевен правец. Датумот и причината за неговата смрт остануваат непознати и се предмет на нагаѓања.
Сите пет книги басни на Федар првпат биле отпечатени во 1596 година врз основа на ракопис за кој се верува дека потекнува од 10 век. Една збирка од 32 басни, со наслов, која му се припишува на Федар, била отпечатена во 1809 година во Неапол. Збирката ја отпечатил извесен Касити врз основа на ракописот на надбискупот Манфредониј Пероти од 15 век. Печатените басни се издание на поранешно ракописно издание, кое повторно е копија на претходен ракопис и се смета дека овие басни не му припаѓаат на Федар, иако се од римско потекло. На почетокот на XVIII век, во Парма бил откриен ракопис на Федорови басни со 64 басни, од кои 30 дотогаш не биле познати. Друг ракопис на Федорови басни бил пронајден во Ватикан и отпечатен во 1831 година.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.