Фаравахар
From Wikipedia, the free encyclopedia
Фаравахар, или на персиски фравахр, е познат симбол на Персија. Како религиозен и културен симбол е прифатен од династијата Пахлеви за да ја претставува иранската нација.
Дискот со крила има долга историја во уметноста и културата на Блискиот и Средниот Исток. На дискот е додадена фигура на човек, „стрелец облечен во пердуви“, со кој се симболизирал богот Ашур.
Иако симболот се смета дека претставува ангел чувар, не се знае што им значел на оние кои го презеле од Месопотамците и Египќаните. Симболот најпрвин се појавил на кралските натписи, па затоа се смета дека претставувал „божествена кралска слава“ или ангел чувар на кралот, или пак „божественото право на кралот“, што било основа за авторитетот на кралевите.
Релацијата помеѓу името на симболот и називите на она што би можело да го претставува, води до претпоставката дека симболот е „ангел чувар“ (Фраваши). Сепак, не постои опис за тоа како изгледа Фраваши во светиот текст на зороастризмот, Авеста, а од друга страна, во Авеста ентитетите се граматички дадени во женски род.
Денес во зороастризмот се вели дека Фаравахар е потсетник за целта во животот, што значи дека треба да се живее на тој начин што ќе се дозволи на душата да се спои со Ахура Мазда, главното божество во зороастризмот. Иако постојат бројни интерпретации на елементите од симболот, ниедна од нив не доаѓа пред 20 век.