ФК Лестер Сити
From Wikipedia, the free encyclopedia
ФК Лестер Сити е англиски фудбалски клуб со седиште од Лестер, Западен Мидлендс. Моментално се натпреварува во Премиер лигата, највисокото ниво на англискиот лигашки систем. Својте натпревари ги играат на стадионот Кинг Пауер (претходно наречен Стадион Вокерс), кој има капацитет од 32,261 седечки места.
Лестер Сити | ||||
---|---|---|---|---|
Целосно име | Фудбалски клуб Лестер Сити | |||
Држава | Англија | |||
Прекар | Лисиците или Сините | |||
Основан | 1884 како Лестер Фос | |||
Бои | сина и бела | |||
Стадион | Кинг Пауер Стадион | |||
Капацитет | 36.261 | |||
Сопственик | Кинг Пауер Интернешнл | |||
Претседател | Вичаи Раксриаксорн | |||
Менаџер | Брендан Роџерс | |||
Лига | Премиер лига | |||
2018–19 | Премиер лига, 9. место | |||
Мреж. место | Официјално мрежно место | |||
| ||||
Тековна сезона |
Клубот бил основан во 1884 година како Лестер Фос[1] и се натпреварувал на терен во близина на патот Фос Роуд. Тие подоцна се преселиле на Филберт Стрит во 1891 година и одиграле таму 111 години по ред, пред да го релоцираат бизнисот во близина на Стадионот Вокерс во 2002 година,[2] кој подоцна бил преименуван во Кинг Пауер во 2011 година.[3]
Лестер се приклучил на Фудбалската лига на Англија во 1894 година. Најголемиот успех на клубот е освојувањето на Премиер лигата во сезоната 2015-2016, кога Лестер за првпат во својата историја станал шампион на Англија. Со тоа тие станале еден од седумте клубови кој ја освоиле Премиер лигата од нејзиното основање во 1992 година, а нивниот успех во голем број на весници и медиуми бил опишан како еден од најголемите спортски шокови и најпријатни изненадувања во историјата на било кој спорт.[4][5][6]
Клубот исто така е познат и под прекарот лисиците, кој доаѓа од клупскиот амблем. Традиционало играат во дресови со темно-сина боја и со бели шорцеви.