ФК Ковентри Сити
From Wikipedia, the free encyclopedia
ФК Ковентри Сити — англиски фудбалски клуб со седиште во Ковентри, Западен Мидлендс. Клубот моментално се натпреварува во Чемпионшип лигата, второто ниво на англискиот фудбал, откако избориле промоција во Лига Еден за време на сезоната 2019-2020.
Ковентри Сити | ||||
---|---|---|---|---|
Целосно име | Фудбал клуб Ковентри Сити | |||
Држава | Англија | |||
Прекар | The Sky Blues (небесно-сини) | |||
Основан | 13 август 1883; пред 140 години (1883-08-13) | |||
Локација | Ковентри, Англија | |||
Бои | небесно-сина и црна | |||
Стадион | Сент Ендријус | |||
Капацитет | 29,409 | |||
Сопственик | Џои Сепала | |||
Претседател | Тим Фишер | |||
Менаџер | Марк Робинс | |||
Лига | Чемпионшип | |||
2023–2024 | 9 | |||
Мреж. место | Официјално мрежно место | |||
| ||||
Тековна сезона |
Најголемиот успех во својата клупска историја Ковентри Сити го остварил со освојувањето на ФА Купот во 1987 година, кога во финалето го победиле Тотенхем со 3-2.[1] Клубот, исто така, одиграл 34 сезони во првото ниво на англискиот фудбал во периодот 1967-2001 и биле еден од основачките членовите на Премиер лигата во 1992 година.
Најчесто настапуваат во небесно-сини дресови и шорцеви. Својте домашни натпревари ги играле на Хајфилд Роуд од 1899 до 2005 година, сè до отворањето на Рико Арената во август 2005 која го заменила Хајфилд Роуд како дом на клубот. Сепак, откако клубот не успеал да постигне договор со сопствениците на Рико Арената, рагби клубот Васпс, Ковентри Сити се преселиле на стадионот Сент Ендријус во Бирмингем. Ковентри игра дерби натпревар наречен М69 со локалниот соперник Лестер Сити.