ФК Вотфорд
From Wikipedia, the free encyclopedia
ФК Вотфорд е професионален фудбалски клуб од Вотфорд, грофовијата Хартфордшир, Англија. Моментално се натпреварува во Чемпионшип, втората лига по ранг во англискиот фудбал.
Вотфорд | ||||
---|---|---|---|---|
Целосно име | Фудбалски клуб Вотфорд | |||
Прекар | стршлени | |||
Основан | 1881 | |||
Стадион | Викариџ Роуд[1] Вотфорд, Англија | |||
Капацитет | 21,438 [2] | |||
Сопственик | Џино Поцо[3] | |||
Претседател | Скот Даксбери [4] | |||
Менаџер | Владимир Ивиќ | |||
Лига | Чемпионшип | |||
2019–20 | Премиер лига, 19. место (испаѓање) | |||
Мреж. место | Официјално мрежно место | |||
| ||||
Тековна сезона |
Клубот е основанво 1881 година под името Вотфорд Роверс. Првиот настап во ФА купот го имале во 1886 година и првобитно се натпреварувале во Јужната лига една декада подоцна. Откако во сезоната 1914-1915 под водство на Хари Кент Вотфорд ја освоил Јужната лига, во 1920 година клубот влегува во Фудбалската лига. Во својата историја клубот променил неколку стадиони пред да дојде на Викариџ Роуд во 1992 година, на кој и денес ги игра својте домашни натпревари.[5] Поголемиот дел од своето постоење Вотфорд го поминал играјќи во пониските лиги, а во Премиер лигата има настапувано шест сезони за последен пат во сезоната 2019-2020. Исто така во повеќе наврати клубот ги менувал боите и амблемите.[6] Прекарот на клубот е Hornets или стршлените.
Периодот под водство на Греам Тејлор бил еден од најуспешните периоди во историјата на клубот. Од неговото назначување во 1977 година па до заминувањето во 1987 година, Вотфорд успеал од четвртата дивизија да стигне до првата. Во сезоната 1982–1983, клубот завршил на второ место во Првата дивизија, и така се пласирал за Купот на УЕФА. Во 1984 година Вотфорд играл во финалето на ФА Купот каде бил поразен со 2-0 од Евертон.[7] Од 2011 година, клубот е во сопственост на италијанското семејство Поцо, кое исто така во своја сопственост ги има и екипите на Удинезе од италијанската Серија А и шпанската Гранада.