ФК Виган Атлетик
From Wikipedia, the free encyclopedia
Виган Атлетик Фудбал Клуб е англиски професионален фудбалски клуб со седиште во Виган, Грејтер Манчестер. Клубот се натпреварува во Премиерлигата, што е највисоко ниво на англискиот фудбал. Нивните моментален престој во Премиер Лигата е само петта сезона во врвот на англискиот фудбал во историјата на клубот.
Виган Атлетик | |||
---|---|---|---|
Целосно име | Фудбалски клуб Виган Атлетик | ||
Прекар | Латикс | ||
Основан | 1932 | ||
Стадион | Дејв Вилан Стадион Виган, Англија | ||
Капацитет | 25,138 | ||
Сопственик | Дејв Вилан | ||
Претседател | Дејв Вилан | ||
Менаџер | Пол Кук | ||
Лига | Чемпионшип лига | ||
2018–19 | 18-ти | ||
Мреж. место | Официјално мрежно место | ||
| |||
Тековна сезона |
Тие настапуваат на DW стадионот од 1999 година, споделувајќи го овој стадион со рагби екипата Виган Вориорс. Тие претходно играле на Спрингфилд парк цели 67 години . Прекарот на клубот е Латикс изведен од контракција на зборот "Атлетик".
Во сезоната 2011-12, Виган Атлетик беа најмладиот клуб во Премиер Лигата, формиран во 1932 година. Најголемиот успех во историјата на клубот е освојувањето на ФА Купот во сезоната 2012-13, што за Виган значеше прво учество во некој од европските турнири, настап во Лигата на Европа следната сезона.