Турски Гробишта (Брусник)
археолошко наоѓалиште во Македонија / From Wikipedia, the free encyclopedia
Турски Гробишта (Брусник) — некропола од доцноантичкото време. Се наоѓа на околу 150 метри северозападно од неготинското село Брусник, веднаш под патот што води за селото Пештерница. Овде мештаните ваделе големи камени плочи од гробови од типот циста. Исти плочи биле извадени и во дворот на М. Крстев. Што се однесува до гробните прилози, биле најдени бронзени предмети и стаклени мониста.[1]