Турнеја Г3
From Wikipedia, the free encyclopedia
G3 е годишно музичко шоу во живо, и гитарска турнеја во која се појавуваат три избрани гитаристи на генерацијата; оттаму и нејзиното име. Таа била создадена од гитаристите Џо Сатриани и Стив Ваи во 1996. Од таа дата па сè досега на G3 се појавиле најголемите виртуози на гитара, вклучувајќи ги Ингви Малмстин, Џон Петручи, Роберт Фрип, Ерик Џонсон, Кени Вејн Шепард, Ули Јон Рот, Мајкл Шенкер, Адријан Лег и многу други специјални виртуозо гости, вклучувајќи ги Стив Лукатер, Стив Морз и многу други гитарски легенди. Мајк Портној, добитникот на многу награди за најдобар тапанар, бил исто така специјален гостин.