Туризам во Германија
Преглед на туризмот во Федералната Република Германија / From Wikipedia, the free encyclopedia
Туризмот во Германија е значајна стопанска гранка на државата. Германија е деветта најпосетувана држава во светот,[1][2] со вкупно 407.26 милиони преноќевања за време на 2012 година.[3] Овој број вклучува 68.83 милиони преноќевања од странски посетители. Дополнително, 30% од туристите се домашни германски туристи. Земјата е рангирана како една од најбезбедните одредишта за патување.
Во 2012 година, преку 30,4 милиони меѓународни посети биле остварени во Германија, донесувајќи над 38 милиони долари.[4] Домашните и странските туристи директно придонеле 43,2 милиони евра во германскиот БНП.[5]