From Wikipedia, the free encyclopedia
Тркало или коло — тркалезен предмет, односно предмет во облик на диск, кој е најважниот дел од повеќето средства за лесен пренос и превоз, поради малото триење при движењето.
Постар збор што се користел е коло, па оттаму потекнува зборот кола, како транспортно средство.
Тркалото е споено со осовина на еден од двата начини: или осовината е неподвижна, а тркалото се врти или и осовината и тркалото се цврсто споени и заедно се вртат, а неподвижен е делот на возилото.
Како и да е, постои место каде што се спојуваат делот што се врти со неподвижниот дел. Тој дел се вика лежиште. Во тој дел се случува триењето и се создава силата на отпорот.
Пронаоѓањето на тркалото се смета за едно од најважните достигнувања во развојот на човековата цивилизација. Многу истражувачи тврдат дека се појавило во 5. милениум п.н.е. и дека е поврзан со откривањето на грнчарското тркало, односно грнчарското колце.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.