Трајанови терми
From Wikipedia, the free encyclopedia
Трајанови терми (латински: Thermae Traiani), претставуваат јавни бањи кои на граѓаните на Рим им донесувале одмор и релаксација. Во Стариот Рим предизвикувале задоволство исто како и заминување во театар или гладијаторските борби [1]. Меѓу многуте бањи кои пропаѓале низ историјата и кои подлегнале на забот на времето, најмногу денес се знае за Трајановите терми. Трајановите терми како едно од најдобро сочуваните бањи од Стариот Рим се изградиле во 109 година. Термите ги изградил Аполодор од Дамаск по наредба на римскиот цар Трајан на брегот, кој бил создаден со затрупувањето на Domus Aurea, величествената палата на царот Нерон Се наоѓале во најјужниот дел на Mons Oppio, во близина на Сервиевиот ѕид . [2]