From Wikipedia, the free encyclopedia
Трамвај (од англиски: tram = вагон, вагонетка и way = пат, името доаѓа од вагонетките за превоз на јаглен во шахта во Велика Британија) — релсово сообраќајно средство, вид уличен јавен превоз, обично на електрична влечна сила се користи најчесто во градовите за превоз на патници во одреден правец.
„Трамвај“ на Ризницата ? |
Трамваите почнале да функционираат во првата половина на 19 век, а електричните - на крајот на 19 век. Во периодот меѓу двете светски војни започнал нивниот пад, но од крајот на XX век се забележува значително зголемување на популарноста на трамваите. Во Сан Франциско, Калифорнија (САД) бил лансиран првиот кабелски трамвај во светот, во 1873 година.
Повеќето трамваи користат електрична струја, добиваат преку контакт мрежа со помош на токоприемници (пантографи), но има и трамваи со напојување од трета шина, како и трамваи на батерии. Покрај електрични, има и трамваи влечени од коњ, кабелски трамваи и дизел-трамваи. Во минатото имало парни трамваи, како и трамваи влечени од мулиња и зебри.
Трамваите можат да се класифицираат исто како градски, меѓуградски, санитарни и товарни.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.