Травијата
From Wikipedia, the free encyclopedia
Травијата е опера во три чина на Џузепе Верди. Верди во оваа опера прикажува големо богатство на мелодијата и способноста на музичката карактеризација, со тоа што навлегол во проблематиката на оперскиот текст и ја отфрлил вообичаената шема на италијанското либрето. Претставувајќи ги своите оперски јунаци, со сите нивни добри и лоши особини, Верди отворено ја манифестирал нивната состојба и социјална положба. Либретото за оваа драма, на италијански е напишано од Франческо Марија Пјаве. Засновано е на La dame aux Camélias (1852), претстава адаптирана од романот на Александре Думас. Операта беше оригинално насловена Виолета, по главниот лик. За првпат оваа опера била изведена на 6 март 1853 во Ла Фениче во Венеција.
![Thumb image](http://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/7/74/Verdi-1850s.jpg/220px-Verdi-1850s.jpg)