Торинско платно
From Wikipedia, the free encyclopedia
Торинско платно — ленено платно со слика на еден човек за кој се претпоставува дека е Исус Христос, кој се чини дека бил физички трауматизиран при распетието. Таа се чува во кралската капела на катедралата „Св. Јован Крстител“ во Торино, Италија. Се верува дека e тоа крпата со која било обвиткано телото на Исус за време на неговиот погреб.
Сликата на платното е повеќе видлива кога е сликана во негатив одошто во природните бои. Негативната фотографија на сликите од платното била за првпат проучена вечерта на 28 мај 1898 година кога ја сликал аматерскиот фотограф Секондо Пија. Тој добил дозвола да го слика платното додека било објавено за јавноста во Катедралата во Торино. Според Пија, само што не го пуштил апаратот од раце кога ја видел сликата со човечко лице на неа.[1][2]
Платното е предмет на интензивна дебата помеѓу научниците, верниците, историчарите и писателите за тоа од кога постои платното, од каде потекнува и како е создаден ликот на самото платно. Од религиска гледна точка, во 1958 година папата Пиј XII, заедно со католичката црква, смета дека ликот е светото лице на Исус. Некои веруваат дека платното е покривката со која бил покриен Исус кога го поставиле во гробот. Скептиците сметаат дека ова платно е обична средновековна измама, додека пак други тврдат дека ликот се создал по пат на природни хемиски реакции.
Врз платното биле извршени различни тестови. Тестирањата со радиоактивен јаглерод во 1988 година извршени од три независни тимови научници изјавиле дека платното е создадено во средновековието, околу 1300 години по смртта на Исус. По ова тестирање следувале бурни реакции во однос точноста на испитувањето, најмногу од Хери Е. Гов[3]. Следните анализи биле објавени во 2005 година тврдат дека примероците кои ги зеле научниците не се од самото платно. Самото платно било оштетено од оган за време на средновековието, па според тоа анализите објавени во 2005 година посочуваат дека поради огнот на платното биле додадени јаглеродни материјали што резултирало со поголема радиојаглеродна материја.
Како и да е, според истражувањето направено во 2008 година од Институтот за радиојаглерод во Оксфорд се обидело да се провери точноста на дадениот период кој бил даден со претходното истражување и директорот на институтот Кристофер Ремси ја повикал научната јавност повторно да ја утврдат автентичноста на платното[4][5].