![cover image](https://wikiwandv2-19431.kxcdn.com/_next/image?url=https://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/6/69/Aerogelflower_filtered.jpg/640px-Aerogelflower_filtered.jpg&w=640&q=50)
Топлинска спроводливост
From Wikipedia, the free encyclopedia
Топлинската спроводливост на материјал ― мерење на неговата способност да спроведува топлина. Поимот најчесто се означува со ,
, или
.
![Thumb image](http://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/6/69/Aerogelflower_filtered.jpg/640px-Aerogelflower_filtered.jpg)
Топлинскиот пренос се случува со помала стапка кај материјалите со ниска топлинска спроводливост отколку кај оние материјали со висока топлинска спроводливост. На пример, металите вообичаено имаат висока топлинска спроводливост и се многу ефикасни во спроведувањето на топлината, додека обратното важи за изолационите материјали како што е стиропорот. Соодветно, материјалите кои имаат висока топлинска спроводливост се широко користени во примените за ладилници, а материјалите со ниска топлинска спроводливост се користат како топлинска изолација. Реципроцитетот на топлинската спроводливост се нарекува топлинска отпорност.
Описната равенка за топлинска спроводливост е , каде
е топлинскиот проток,
е топлинската спроводливост и
е температурниот градиент. Ова е познато како Фуриеров закон за спроводливост на топлина. Иако најчесто се изразува како скалар, најопштиот облик на топлинска спроводливост е тензор од втор ред. Меѓутоа, тензорскиот опис станува неопходен само кај материјали кои се анизотропни.