Тони Адамс
From Wikipedia, the free encyclopedia
Тони Александар Адамс, MBE (роден на 10 октомври 1966 година) — англиски фудбалски менаџер. Како играч Адамс играл за Арсенал и Англија каде што бил капитен на двата тима.
Тони Адамс | |||
---|---|---|---|
![]() Адамс во 2010 | |||
Лични податоци | |||
Полно име | Тони Александар Адамс[1] | ||
Роден на | 10 октомври 1966(1966-10-10) (57 г.)[1] | ||
Роден во | Ромфорд, Лондон, Англија | ||
Висина | м[1] | ||
Позиција | Центар-бек | ||
Младинска кариера | |||
1980–1983 | Арсенал | ||
Кариера* | |||
Години | Клуб | Наст. | (Гол.) |
1983–2002 | Арсенал | 504 | (32) |
Репрезентација | |||
1985–1986 | младинска репрезентација на Англија | 5 | (1) |
1986–1987 | Б-репрезентација на Англија | 15 | (7) |
1987–2000 | Англија | 66 | (5) |
Тренер на екипи | |||
2003–2004 | Вајкомб Вондерерс | ||
2008–2009 | ФК Портсмут | ||
2010–2011 | ФК Габала | ||
2017 | ФК Гранада | ||
*Настапи и голови само на првенствени натпревари |
Целата играчка кариера на Адамс, во период од 22 години ја поминал на позицијата централен одбранбен играч во Арсенал.[2] Тој се сметал за еден од најголемите играчи на Арсенал на сите времиња од страна на самите навивачи клубот [3] и бил вклучен на списокот на Фудбалската Лига 100 Легенди. Со Арсенал, тој освоил четири четири врвни титули, уникатно предводејќи ги како капитен победничките екипи на Арсенал во три различни децении, три ФА Купови, два Фудбалски Лига Куп, УЕФА Куп и два ФА Комјунити шилд. Статуа во чест на Адамс била откриена на стадионот Емирати на 9 декември 2011 година, заедно со статуи на Тиери Анри и Херберт Чепмен. Тој одиграл и 66 натпревари за репрезентацијата на Англија помеѓу 1987 и 2000 година и играл на четири големи турнири.