From Wikipedia, the free encyclopedia
Оваа статија е за комунистот Тодор Павлов. За дипломатот Тодор Павлов видете Тодор Павлов
Тодор Павлов | ||
Роден | 14 февруари 1890
Штип, Македонија | |
---|---|---|
Починал | 8 мај 1977
Софија, Бугарија |
Тодор Димитров Павлов — комунист, политичар и филозоф од Бугарија со потекло од Македонија. Во светски рамки е познат како еден од главните застапници на теоријата на одразот.
По доаѓањето на Отечествениот фронт на власт во Бугарија, Павлов е еден од тројцата регенти на Царството Бугариjа во периодот 1944-1946. Потоа бил член на Централниот комитет на Бугарската комунистичка партија од 1957, член на Политбиро од 1966, двапати член на Президиумот на Народното собрание (1947-1954 и 1962-1971), претседател на Бугарската академиjа на науките (БАН) во периодот 1947-1962[1], по 1962 - почесен претседател на БАН, директор на Институтот по филозофија во БАН (1949-1952 и 1960-1977), почесен претседател на Сојузот на бугарските писатели.[2]
По повод испраќањето на посмртните останки на Гоце Делчев за Народна Република Македонија на 7 октомври 1946 година одржал свечен говор[3] во Народниот театар во Софија.
„Гоце Делчев уште во младоста се оформи во голем стратег, тактичар и организатор на македонското национално револуционерно дело, поврзано и со други македонски национални револуционерни дејци: Јане Сандански, Никола Карев, Васил Главинов, Веле Марков, Димо Хаџи Димов и други."[3][4]
„Гоце навистина стана голема македонска легенда; она што Караџата, Левски и Ботев беа за бугарскиот народ, Гоце беше за македонскиот народ.“[3][4]
„Гоце, со целата своја револуционерна дејност и сфаќања, практично, многу придонесе за формирањето и развојот на македонската национална (македонскословенска, а не бугарска и не српска) свест… Heму, се разбира, му беше позната и дејноста Теодосиј Гологанов и Партение Зографски на Ѓорче Петров, Мисирков, Петар Попарсов и Лозарите… Желбите на Гоце, сега се историски факт кој со никакви извртувања и со никакви провокативни подметнувања и интриги од нашите бугарски реакционери, кои сакаат да го вратат назад тркалото на историјата, не може да биде ниту одречен, ниту омаловажен или потценет.“[3][4]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.