Тим на годината на УЕФА
From Wikipedia, the free encyclopedia
Тимот на годината на УЕФА е годишна награда, основана во 2001 година под покровителство на УЕФА, Унијата на европските фудбалски асоцијации, преку анкета на официјалното мрежно место. Секоја година бил избиран тим од 11 Ол-стар играчи, до 2013 година тој се состоел од 1 голман, 4 одбранбени играчи, 4 играчи од средниот ред и 2 напаѓачи, додека од 2014 година се состои од 1 голман, 4 одбранбени играчи, 3 играчи од средниот ред и 3 напаѓачи.