From Wikipedia, the free encyclopedia
Тимоти Тим Кејхил (англиски: Timothy Filiga "Tim" Cahill) е австралиски фудбалер кој игра за Њујорк Ред Булс и репрезентацијата на Австралија. Тој игра како box-to-box фудбалер од средниот ред, но по потреба може да игра и како централен напаѓач. Тој е првиот австралиец кој постигнал гол за својата земја на едно Светско првенство. Тој исто така е и најефикасен фудбалер на Австралија на светските првенства. Познат е по својот фантастичен отскок и добрата игра во воздухот со глава сето тоа му овозможило да постигне многу голови во својата кариера на ваков начин.[1]
Тим Кејхил | |||
---|---|---|---|
Лични податоци | |||
Роден на | 6 декември 1979 | ||
Роден во | Сиднеј, Австралија | ||
Висина | м | 1,78||
Позиција | среден ред,напаѓач | ||
Клупски податоци | |||
Сегашен клуб | Њујорк Ред Булс | ||
Број | 17 | ||
Младинска кариера | |||
Сиднеј Јунајтед | |||
Кариера* | |||
Години | Клуб | Наст. | (Гол.) |
1998–2004 | Милвол | 217 | (52) |
2004-2012 | Евертон | 226 | (56) |
2012- | Њујорк Ред Булс | 46 | (13) |
Репрезентација ‡ | |||
2007- | Австралија | 63 | (28) |
* Ажурирано на: 17 ноември 2011 ** Ажурирано на: 17 ноември 2011 |
Кејхил е роден во Сиднеј во Австралија, а интересно е тоа што неговите родители не се од таму. Мајка му е од Самоа, додека пак татко му од Англија. Тој уште од мал го сакал фудбалот и како млад играл за многу непрофесионални екипи и учел во средно училиште коешто имало свој фудбалски клуб. Неговиот брат Крис Кејхил е исто така фудбалер (само што тој настапува за фудбалската репрезетација на Самоа). Тој има и три братучеди којшто се професионални рагби играчи.
Во 1997 тој ги запрашува своите родители дали ќе патуваат со него за Англија затоа што тој решил да ја прифати понудата на Милвол и дека сака таму да стане професионалец. Тие отпатувале со него и летото Кејхил потпишува за Милвол како слободен играч од Сиднеј Јунајтед. Своето деби за Милвол го направил на крајот на следната сезона (2003-2004) на 22 мај 1998. Во меѓувреме во сезоните што доаѓаат Кејхил станал клучна фигура во тимот. Само во една сезона не одиграл повеќе од 40 лигашки натпревари и тоа била сезоната 2002-2003 кога тој поради повреда пропуштил голем дел од неа и одиграл само 11 натпревари, но имал и три постигнати гола. Кејхил бил херој на тимот во најголемиот успех на лавовите кога за првпат официјално Милвол играше финале на ФА Купот против Манчестер Јунајтед во сезоната 2003-2004. Голот на Кејхил на Олд Трафорд против Сандерленд во полуфиналето значело финале за Милвол и учество во УЕФА купот наредната сезона.
Летото 2004 тој потпишал за Евертон за сума од 1.5 милиони фунти.
Во Евертон тој ги покажал својте квалитети уште во првата сезоната за тимот во Премиер лигата. Тој постигнал 11 голови на 33 натпревари во првенството со што бил најдобар стрелец на тимот и заслужил да биде избран за Играч на сезоната на клубот од страна на навивачите. Пред да започне новата сезона 2005-2006 Кејхил потпишал нов договор со карамелите за двојно зголемена плата во однос на претходната сезона. Во октомври 2006 бил еден од 50-те номинирани фудбалери за Ballon D'Or. Тој бил прв фудбалер на Евертон кој бил номиниран за оваа награда после цели 18 години. Кејхил имал сериозна повреда во ремито на неговиот тим 1-1 против Шефилд Јунајтед со што сезоната за него по тој натпревар била завршена. По завршувањето на првенството Евертон водел голема борба да го задржи австралиецот и тоа се случи во јуни 2007 кога Кејхил го обновил договорот до 2012.
Кејхил се врати по неколку месечна пауза поради повреда на мечот од групната фаза од УЕФА купот против грчкиот тим Лариса на 25 октомври 2007 и му биле потребни само 14 минути да го постигне својот прв погодок во новата сезона по еден прекрасен удар со глава. Евертон накрајот победил дома во тој натпревар со 3-1. Кејхил бил во главната улога и во мечот од англискиот Лига куп кога на 31 октомври постигнал гол во продолженијата против Лутон Таун со што го однел својот тим во четвртфиналето на ова натпреварување првпат по повеќе од пет години. Карамелите подоцна стигнале до полуфиналето каде биле запрени од Челси. Својот 100-ти лигашки настап за Евертон, Кејхил го имал на 9 март 2008, во победата на неговиот тим против Сандерленд.
Кејхил имал важен придонес во одличното 5-то место на крајот од сезоната во Премиер лигата на клубот со својте 7 голови (во лигата, вкупно десет во сите турнири). Tој бил трет стрелец на тимот во првенството зад нигериецот Јакубу Ајегбени (со 15) и стоперот Џолеон Лескот (со 8).
Во декември 2008 Кејхил е поставен да игра како единствен напаѓач поради повредите на сите четворица напаѓачи од сениорскиот тим. Тој покажал дека добро му одговара и таа позиција постигнувајќи два гола на три меча и носејќи му победи на својот тим на гости против Манчестер Сити и Мидлзборо со голови постигнати во второто полувреме.
Во рамките на сезоната 2008-2009 поради отсуството на Фил Невил заради повреда на лигаментите Кејхил бил назначен за првпат како капитен на тимот. Таа сезона дошол и прекарот од навивачите на Евертон кој го нарекуваат "Тини Тим" поради тоа што е низок и слаб. За време на еден натпревар тој почнува со своето сега веќе традиционално прославување на головите со боксирање на корнер знаменцето.
На 25 април против Фулам тој го одбележал двестотиот лигашки натпревар за Евертон.
На 20 декември 2010, Кејхил постигнал погодок против Манчестер Сити на гости, што воедно му бил 9 погодок таа сезона, пред да западне во голгетерска криза. Овој погодок бил долго време неговиот последен во Премиер лигата, пред конечно да ја прекине серијата од 34 натпревари без гол, отворајќи го резултатот против Блекбурн Роверс на 21 јануари 2012.[2]
На 13 мај 2012 година, за време на последниот натпревар за Евертон против Њукасл Јунајтед на Гудисон Парк, Кејхил бил исклучен за насилно однесување откако по завршетокот на натпреварот влегол во вербална расправија со Јоан Кабај. Кејхил реагирал на Кабај кој ја шутнал топката кон едно момче-собирач на топки од Евертон порано во натпреварот како и забелешките на Кабај, кој подоцна се извинил.[3]
Во јули 2012 Кејхил потпишал за Њујорк Ред Булс во МЛС лигата како специјален играч, за хонорар пријавен да биде околу 1.000.000 £. Тој го направил своето деби во МЛС во натпреварот против Хјустон Дајнамо следниот месец. На 19 мај 2013 Кејхил постигнал гол во 91 минута кој се покажал како победоносен против Лос Анџелес Галакси во победата со 1-0.[4]
Своето деби за репрезентацијата на Австралија го имал во 2004-тата година. За првпат тој настапил за Австралија против селекцијата на Јужна Африка на 30 март 2004 на Лофтус Роуд во Англија. На 16 ноември Кејхил играл за Австралија против Уругвај во бараж мечот за пласман на Светското првенство во фудбал 2006 каде Сокеросите победиле на пенали.
Кејхил играше за својата родна земја на Светското првенство во фудбал 2006-тата година и стана првиот австралиец засекогаш кој постигнал гол на светско првенство.Тој во 84-тата минута го израмни резултатот на 1:1 против Јапонија во првото коло од фазата по групи.Набрзо потоа,по пет минути игра следеше и неговиот втор погодок на мечот (во 89-тата минута,конечен резултат 3:1 за Австралија).Тој беше стартер и во другите два меча во групната фаза против Бразил (каде Австралија загуби со 2:0) и против Хрватска во ремито 2:2.
Четирите освоени бода беа доволни за Австралија да стигне до осмина финалето.Кејхил играше и во тој натпревар против подоцнежниот шампион Италија,во кој неговата репрезентација несреќно загуби со 1:0 со контроверзен пенал во 95-тата минута реализиран од Тоти,по фаулот на Лукас Нил над Фабио Гросо.
Четири години подоцна Кејхил со својата репрезентација повторно игра на едно светско првенство овојпат во Јужна Африка.Тој играше на два натпревари од групната фаза во која Австралија се најде со Германија,Гана и Србија.Тој заработи црвен картон во мечот од првото коло против Германија (што заврши со победа од 4:0 за германците) со што беше суспендиран на еден меч.Се врати во тимот за мечот од третото коло против Србија каде беше и стрелец на единствениот гол во 69-тата минута (Австралија победи со 1:0).Австралија ги заврши настапите во групната фаза.
„Тим Кејхил“ на Ризницата ? |
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.