Тимоти Спол
From Wikipedia, the free encyclopedia
Тимоти Леонард Спол, ОБИ (роден на 27 февруари 1957 г.) — англиски глумец. Тој станал познат во Обединетото Кралство по улогата во комичната серија Ауфвидерзен, Пет од 1983 година.
Тимоти Спол ОБИ | |
---|---|
Спол на Канскиот филмски фестивал во 2014 година | |
Роден(а) | Тимоти Леонард Спол 27 февруари 1957(1957-02-27) (67 г.) Лондон, Англија |
Живеалиште | Лондон, Англија |
Националност | Британско |
Занимање | Глумец |
Сопружник | Шејн Спол (в. 1981) |
Деца | 3 |
Спол добил критички пофалби за улогата во Тајни и лаги (1996), за која бил номиниран за наградата ВАФТА за најфобар глумец во главна улога. Подоцна, тој глумел во Последниот самурај (2003), го играл Питер Петигру во филмскиот серијал Хари Потер (2004-2010), Алберт Пирпоинт во Пирпоинт (2005), Бидл Бамфорд во Свини Тод - Монструозниот бербер од улицата Флит (2007), Питер Тејлор во Проклетиот Јунајтед (2009) и Винстон Черчил во Говорот на кралот (2010). Спол исто така глумел во телевизискиот документарен филм Тимоти Спол: ...на море (2010–2012).
Во 2014 година, Спол ја освоил наградата за најдобар глумец на Канскиот филмски фестивал за изведбата на ликот на Вилијам Тарнер во биографскиот филм Господин Тернер.[1]