![cover image](https://wikiwandv2-19431.kxcdn.com/_next/image?url=https://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/6/6f/Zonmar-mk.svg/langmk-640px-Zonmar-mk.svg.png&w=640&q=50)
Територијални води
From Wikipedia, the free encyclopedia
Територијално море или територијални води во меѓународното морско право значи појас што се протега по одредена ширина по должината на брегот, од почетната линија во правец на отворено море. Правата со кои располагаат крајбрежните држави во територијалното море, се протегаат и на воздушниот простор над територијалното море, односно на неговото дно и под морето. Во системот на правна поделба на морето, територијалното море се наоѓа помеѓу внатрешните морски води и отвореното море (или исклучив стопански појас, доколку крајбрежната држава го има прогласено за тоа).[1]
![Thumb image](http://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/6/6f/Zonmar-mk.svg/320px-Zonmar-mk.svg.png)
Поседувањето на територијални води е својствено и независно од волјата на крајбрежната држава. Таа го стекнува тој појас, заснован на фактот дека нејзината копнена територија е поплавена од морето. Во случајот на Грисбадарн (1909), Постојаниот арбитражен суд, разговарајќи за цесијата на копнената територија на Шведска, изјавил дека „делот од поморската територија што претставува неделиво проширување на оваа копнена територија, автоматски влегува во цесија“. [2]