уставна монархија во Југоисточна Азија From Wikipedia, the free encyclopedia
Тајланд (тајландски: ประเทศไทย, Пратет Тај, официјално: Кралство Тајланд (тајландски: ราชอาณาจักรไทย, Ратча Аначак Тај; МФА: [râːt.tɕʰā ʔāːnāːtɕàk tʰāj] ( слушнете)) е држава во Југоисточна Азија. Се наоѓа на полуостровот Индокина. Главен град е Бангкок.
Кралство Тајланд ราชอาณาจักรไทย Ratcha Anachak Thai |
||||||
---|---|---|---|---|---|---|
|
||||||
Химна: Phleng Chat thai Кралска химна: Phleng Sansoen Phra Barami |
||||||
Главен град | Бангкок 13°45′N 100°29′E | |||||
Најголем град | главниот град | |||||
Службен јазик | тајландски | |||||
Демоним | Тајланѓанец | |||||
Уредување | уставна монархија под воена диктатура | |||||
• | Крал | Вачиралонгкорн | ||||
• | Премиер | Петонгтарн Шинаватра | ||||
Основање | ||||||
• | Кралство Сухотај | 1238 | ||||
• | Уставна монархија | 24 јуни 1932 | ||||
• | Устав | 22 мај 2014 | ||||
Површина | ||||||
• | Вкупна | 513,115 км2 (50-та) | ||||
• | Вода (%) | 0.4 (2,230 km) | ||||
Население | ||||||
• | проценка за декември 2007 г. | 63.038.247 (20-та) | ||||
• | Попис 2000 | 60.606.947[1] | ||||
• | Густина | 122 жит/км2 (85-та) | ||||
БДП (ПКМ) | проценка за 2008 г. | |||||
• | Вкупен | $546.095 милијарди[2] | ||||
• | По жител | $8,224[2] | ||||
БДП (номинален) | проценка за 2008 г. | |||||
• | Вкупно | $273.248 милијарди[2] | ||||
• | По жител | $4,115[2] | ||||
Џиниев коеф. (2002) | 42 среден |
|||||
ИЧР (2013) | ▬ 0.722[3] висок · 89та |
|||||
Валута | бат (฿) (THB ) |
|||||
Часовен појас | (UTC+7) | |||||
НДД | .th | |||||
Повик. бр. | 66 |
Тајланд го зафаќа јужниот дел на полуостровот Индокина.
На 20 мај 2014 година тајландската војска воведе воена состојба во земјата.
Тајланд е поделен на 76 покраини[4] (จังหวัด), кои географски влегуваат во шест области [5]. Главниот град Бангкок не е покраина, туку претставува специјално управно подрачје (но тука е вбројан во нив бидејќи е истостепена единица).[6] Покраините ги носат имињата на нивните административни центри.
Најголемо население и најгуста населеност има престолнината Бангкок. Најголема покраина по површина е Након Ратчасима, а најмала е Самут Сонгкрам. Најмалку жители има Ранонг, а најслабо населена е Ме Хонг Сон[7].
Секоја покраина има свој управник, назначен од Министерството за внатрешни работи. Единствениот исклучок од ова е Бангкок, чиј управник се бира со народно гласање.
Покраините се делат на вкупно 878 окрузи („ампе“, อำเภอ). Педсесетте окрузи на Бангкок се нарекуваат „кет“ (เขต). Секоја покраина има различен број на окрузи, од по три во најмалите до педесет во главниот град. Окрузите потоа се делат на подокрузи („тамбон“), а тие пак, на села „мубан“. Во Бангкок, подокрузите се нарекуваат „квенг“.
Околу 75–85% од населението се Тајци. Кинези се 14% од населението, но лицата со делумно кинеско потекло сè до 40%. Малајците се 3%.
Верници во Тајланд | ||||
---|---|---|---|---|
Будисти | 93,6 % | |||
Муслимани | 4,9 % | |||
Католици | 1,2 % | |||
Хиндуисти | 0,1 % | |||
Атеисти | 0,2 % | |||
Други | 0,2 % |
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.