Тасмански волк
From Wikipedia, the free encyclopedia
Тасмански волк или тилацин (науч. Thylacinus cynocephalus) — најголемиот претставник на редот месојадни торбари (Dasyuromorphia), кој доживеал изумирање во блиското минато. Тој е попознат како тасмански тигар (поради своите шари на долниот дел на грбот). Со потекло од континентална Австралија, Тасманија и Нова Гвинеја, се верува дека изумрел во XX век, поточно во 1936 г.
Тасмански волк Период: ран плиоцен-холоцен | |
---|---|
Тасмански волк во 1906 г. | |
Научна класификација | |
Царство: | Животни |
Класа: | Цицачи |
Инфракласа: | Торбари |
Ред: | Месојадни торбари |
Семејство: | †Торбести волци |
Род: | †Тасмански волк |
Вид: | †Тасмански волк |
Научен назив | |
Thylacinus cynocephalus (Harris, 1808) | |
Изворна распростренетост во Тасманија[2] |
Тој бил последниот преживеан член на неговото семејство торбести волци (Thylacinidae). Примероци на другите членови на семејството биле пронајдени во фосилите кои потекнувале од раниот период на миоценот.
Животното станало исклучително ретко со што и изумрело на австралиското копно пред британското доселување на континентот, но преживеало на островот Тасманија заедно со уште неколку ендемски видови, вклучувајќи го и тасманскиот ѓавол. Интензивниот лов е одговорен за неговото изумирање, но исто така и други фактори како болестите, воведувањето на кучиња како домашни миленичиња и човечкиот фактор, односно нивно доселување и уништување на нивното станиште. И покрај официјалната класификација како изумрени, истражувања за нив сè уште има и се објавуваат.
Исто како тигрите и волците на северната полутопка, од кои се добиени две од неговите заеднички имиња, тамснакиот волк бил на врвот од грабливоста. Како торбари, тие не биле во тесна врска со овие плацентални цицачи, но конвергентната еволуција ја прикажува истата општа форма и адаптација. Нивните најблиски роднини се смета дека се тасманските ѓаволи. Тасманскиот волк бил еден од само два вида торбари кој имаат торбичка кај двата пола.