![cover image](https://wikiwandv2-19431.kxcdn.com/_next/image?url=https://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/4/49/Zo%25C3%25AFsite_%2528Tanzanite%2529.jpg/640px-Zo%25C3%25AFsite_%2528Tanzanite%2529.jpg&w=640&q=50)
Танзанит
From Wikipedia, the free encyclopedia
Танзанитот е сина и виолетова сорта на минералот зоизит (калциум алуминиум хидроксил соросиликат), предизвикан од мали количини на ванадиум.[1] Танзанитот припаѓа на минералната група на епидот. Се наоѓа само во Танзанија, во многу мала рударска област (приближно 7 км долга, и 2 км широка) [2] во близина на ридовите Мерерани.[3]
![Танзанит зоисит Tanzanit Zoisite](http://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/4/49/Zo%C3%AFsite_%28Tanzanite%29.jpg/640px-Zo%C3%AFsite_%28Tanzanite%29.jpg)
Танзанитот е познат по својот неверојатно силен трихроизам. Наизменично се познаваат сина, виолетова и бургундска боја, во зависност од кристалната ориентација.[4] Танзанитот исто така може да биде во различна боја кога се гледа под различни услови на осветлување. Сините се попрепознатливи кога се изложени на флуоресцентна светлина, а виолетовите нијанси можат лесно да се видат кога се гледаат под блескаво осветлување. Во својата необработена состојба, танзанитот е обоен во црвено-кафеава боја и за да се иссчисти е потрбна топлинска обработка за да се отстрани кафеавиот дел и да се истакне сино-виолетовата боја на овој прекрасен камен.[5]
Скапоцениот камен го добил името „танзанит“ од компанијата Тифани и Ко., по Танзанија, земјата во која бил откриен. Научното име, „сино-виолетов зоизит“ не се сметало како доволно погодно име за потрошувачите од одделот за маркетинг на Тифани, кој го претстави на пазарот во 1968 година. Во 2002 година, Американското здружение за трговија со скапоцени камења го избрала танзанитот како камен на оние кои што се родени во декември, што е прва промена на нивната листа од „камења на раѓање“ од 1912 година.[6]