Таганрог
град во Русија From Wikipedia, the free encyclopedia
град во Русија From Wikipedia, the free encyclopedia
Таганрог ( руски: Таганро́г ) — град во Русија , во регионот на Ростов . Таганрог е град во јужниот дел на Русија. Се наоѓа на брегот на Азовското Море во заливот што ја прави устата на реката Дон , околу 80 километри од Ростов на Дон. Според пописот од 2010 година, во градот имало 257.692 жители.
Таганрог | |||
---|---|---|---|
Држава | Русија | ||
Федерален субјект | Ростовска Област | ||
Основан во | 1698 | ||
Надм. вис. | м | 30||
Час. појас | московско време [1] (UTC+3) | ||
Поштенски бр.[2] | 347900–347960 |
Таганрог бил првата база на руската морнарица. Твридината Таганрог била официјално основана од Петар Велики на 22 септември 1698 година. Статус на град добил во 1775 година.[3]
Таганрог е познат како место каде што е роден и ја поминал младоста Антон Павлович Чехов. Чехов го споменал својот роден град во многу приказни.
Денес Таганрог е економски, културен и туристички центар на јужна Русија.
Според прелиминарните податоци од пописот, во градот во 2010 година живееле 257.692 жители, 24.255 (8,60%) помалку отколку во 2002 година.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.