Суперспроводливост
From Wikipedia, the free encyclopedia
Суперспроводливост е феномен од точно нула електричен отпор и исчезнување на магнетното поле кое се јавува во некои материјали кога ќе се оладат под одредена критична температура. Овој ефект бил откриен од холандскиот физичар Хајке Камерлинг Онес на 8 април 1911 во Лајден. Како феромагнетизмот и атомските спектрални линии, суперспроводливоста е квантно механички феномен. Се одликува со Мајснеров ефект, комплетно исклучување на линиите на магнетното поле од внатрешноста на суперспроводникот како што преминува во состојбата на суперспроводливост. Појавата на Мајснеров ефект значи дека суперспроводливоста не може да се разбере само како појава на идеална спроводливост во класичната физика.
Електричниот отпор на метален спроводник се намалува постепено со намалување на температурата. Кај вообичаените спроводници, како бакарот или среброто, ова намалување е ограничено од примеси и други дефекти. Дури близу до апсолутната нула, реален пример за нормален спроводник покажува отпор. Кај суперспроводниците, отпорот наеднаш се намалува до нула кога материјалот е оладен под неговата критична температура. Електрична струја која тече низ јамка од суперспроводлива жица може да тече бесконечно без извор на енергија.[1][2][3][4]
Во 1986, било откриено дека некои Бакарно-Перовскитски ќерамички материјали имаат критична температура над 90K.[5] Толку висока транзициска температура е статистички невозможна за вообичаените суперспроводници, поради што овие материјали биле именувани високотемпературни суперспроводници. Течен азот врие на 77 K, и суперспроводливост на повисоки температури од ова овозможува многу експерименти и примени кои не се практични на пониски температури.