Струјно коло
From Wikipedia, the free encyclopedia
Струјно коло — мрежа која се состои од затворена јамка, овозмoжувајќи повратна патека за струјата. Линиските електрични кола, специјален вид кој се состои само од извори (напон или струја), линиски подредени елементи (отпорници,кондензатори, индуктори) и линиски распределени елементи (спроводници), имаат својство линиски да се суперпозицираат. На тој начин полесно се разгледуваат, користејќи моќен честотен интервал како кај Лапласови трансформации, за да се определи еднонасочната струја, наизменичната струја и периодичниот процес.
Отпорно коло — коло кое се состои само од отпорници и идеални струјни и напонски извори. Анализата на отпорните кола е помалку сложена од анализата на колата кои содржат кондензатори и индуктори. Ако изворите се непроменливи т.е., извори на (еднонасочна струја), резултатот е коло на еднонасочна струја.
Коло кое содржи активни електронски компоненти се нарекува електрично коло. Ваквите кола се нелиниски и побаруваат посложена анализа и алатки.