![cover image](https://wikiwandv2-19431.kxcdn.com/_next/image?url=https://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/8/82/EnduranceStirrup.jpg/640px-EnduranceStirrup.jpg&w=640&q=50)
Стремен
From Wikipedia, the free encyclopedia
Стремен[1][2] или узенгија[3][4] — рамка или прстен, најчесто поврзан со кожна лента за седлото и му служи на јавачот како потпора за нозете, при јавање, качување на коњ, како и за одржување на рамнотежа. Стремените обично одат во пар и се користат за помош при јавнување и како потпора при користење на јавачко животно (обично коњ или друг член Equinae, како што е маската). Тие во голема мера ја зголемуваат способноста на јавачот да остане во седлото и да го контролира коњот, зголемувајќи ја корисноста на животното за луѓето во области како што се комуникацијата, превозот и војувањето.
![Thumb image](http://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/8/82/EnduranceStirrup.jpg/640px-EnduranceStirrup.jpg)
![Thumb image](http://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/0/0a/J%C3%A4rn%C3%A5ldern%2C_Stigbygel_av_j%C3%A4rn%2C_Nordisk_familjebok.png)
Првите направи слични на стремени потекнуваат од Индија и биле едноставна кожна рамка во која јавачот го ставал врвот од стапалото. Денешните стремени потекнуваат од номадски племиња од северна Кина. Стремените се вообичаени за коњите, но се користат за секое зауздано животно што луѓето го јаваат. Стремените значително го олеснуваат управувањето на животното и стабилноста во седлото бидејќи претставуваат стабилна потпора за нозете на јавачот. Стременот бил измислен во Кина во првите неколку векови од нашата ера и се проширила на запад преку номадските народи од Средна Евроазија.[5] [6] Употребата на спарени стремени и се припишува на кинеската династија Џјин и дошла во Европа во средниот век. Некои тврдат дека стременот бил една од основните орудие што се користеле за создавање и ширење на модерната цивилизација, веројатно исто толку важна како тркалото или печатарската машина.[6]