From Wikipedia, the free encyclopedia
Натпреварите во стреличарство на Летните олимписки игри 2016 во Рио де Жанеиро се одржуваат од 6 до 12 август. Натпреварувањата се во четири дисциплини и се одржуваат во Самбадромот „Маркиз од Сапукај“.
Стреличарство на Летните олимписки игри 2016 | ||||
---|---|---|---|---|
Список на стреличари | ||||
Поединечно | мажи | жени | ||
Екипно | мажи | жени |
На натпреварувањата учествуваат вкупно 128 стреличари во четири дисциплини: мажи поединечно, жени поединечно, мажи екипно и жени екипно.[1]
Правилата се утврдени според правилникот на Светскиот стреличарски сојуз, со стрелно растојание од 70 метри. Натпреварот понува со пласмански круг во кој учествуваат сите 64 стреличари од секој пол. Секој учесник истрелува по 72 стрели и зазема место од 1 до 64, согласно освоените бодови.
Пласманскиот круг важи и на екипно ниво, каде екипата зазема место од 1 до 12, со собирање на поединечните бодови на нејзините членови.
Секоја дисциплина се одвива во едноелиминациски формат (олимписки систем), освен губитниците на полуфиналето, кои се соочуваат за бронза.
Во првиот круг на поединечното натпреварување учествуваат сите 64 стреличари.
Бодувањето се води според правилото за најдобриот од пет обиди, секој по три стрели. Победникот во секој обид добива по два бода, а при изедначеност, секој од изедначените стреличари добива по еден бод. Доколку по петте обиди, исходот е изедначен (5–5), тогаш изедначените истрелуваат по една стрела, и победува оној што погодил најблиску до центарот.
Во екипното натпреварување, четирите најдобро котирани екипи од пласманскиот круг одат право во четвртфиналето. Останатите осум екипи (од 5. до 8. место) се натпреваруваат за преостанатите четири учеснички места во четвртфиналето.
Бодувањето е исто како во поединечните натпреварувања, што се случува за првпат во олимписката историја.
Времињата се наведени по македонско време (UTC+2), а месното време (UTC−3) е во забелешка видлива со задршка на глушецот.
Ден | Датум | Почеток | Крај | Дисциплина | Етапа |
---|---|---|---|---|---|
Ден 0 | петок, 5 август 2016 г. | Мажи поединечно | Пласмански круг | ||
Жени поединечно | Пласмански круг | ||||
Ден 1 | сабота, 6 август 2016 г. | 14:00 | 22:45 | Мажи екипно | елиминација/медали |
Ден 2 | недела, 7 август 2016 г. | 14:00 | 22:45 | Жени екипно | елиминација/медали |
Ден 3 | понеделник, 8 август 2016 г. | 14:00 | 22:45 | Мажи поединечно | 1⁄32 & 1/16 елиминација |
Жени поединечно | 1⁄32 и 1⁄16 елиминација | ||||
Ден 4 | вторник, 9 август 2016 г. | 14:00 | 22:45 | Мажи поединечно | 1⁄32 и 1⁄16 елиминација |
Жени поединечно | 1⁄32 и 1⁄16 елиминација | ||||
Ден 5 | среда, 10 август 2016 г. | 14:00 | 23:55 | Мажи поединечно | 1⁄32 и 1⁄16 елиминација |
Жени поединечно | 1⁄32 и 1⁄16 елиминација | ||||
Ден 6 | четврток, 11 август 2016 г. | 14:00 | 22:10 | Жени поединечно | 1⁄8 елиминација/четвртфинале/полуфинале/медали |
Ден 7 | петок, 12 август 2016 г. | 14:00 | 22:10 | Мажи поединечно | 1⁄8 елиминација/четвртфинале/полуфинале/медали |
Секој национаен олимписки комитет (НОК) може да учествува со највеќе шест натпреварувачи, т.е. тројца мажи и три жени кои би учествувале поединечно и во екипи од тројца. На олимпијадата можат да учествуваат 12 машки и 12 женски екиши, што значи 36 поединци преку екипна квалификација. Сите останати земји може да освојат највеќе по едно учесничко место за мажи и едно за жени во поединечна конкуренција.[2]
Како домаќин, Бразил има шест гарантирани учеснички места, и уште шест кои ќе ги одреди Тројната комисија. Останатите 116 места се доделуваат со квалификациите, на кои стреличарите ги заземаат местата допуштени за нивната земја, но не мора да значи дека со самото тоа ќе освојат и место за себе во поединечна конкуренција.
По добивањето на квотното место на земјата, за да можат да учествуваат, сите стреличари мора да имаат насобрано барем:
Бодовите мора да биле освоени меѓу 26 јули 2015 (starting at the Светското стреличарско првенство 2015) и 11 јули 2016 г. на некое официјално натпреварување на сојузот.
На олимпијадата се натпреваруваат стреличари од 56 земји.
Место | Земја | Злато | Сребро | Бронза | Вкупно |
---|---|---|---|---|---|
1 | Јужна Кореја (KOR) | 2 | 0 | 0 | 2 |
2 | Русија (RUS) | 0 | 1 | 0 | 1 |
САД (USA) | 0 | 1 | 0 | 1 | |
4 | Австралија (AUS) | 0 | 0 | 1 | 1 |
Кинески Тајпеј (TPE) | 0 | 0 | 1 | 1 | |
Вкупно | 2 | 2 | 2 | 6 |
Дисциплина | Злато | Сребро | Бронза |
---|---|---|---|
Мажи поединечно подробно |
|||
Мажи екипно подробно |
Јужна Кореја (KOR) Ку Бон-чан Ли Синг-јун Ким Во-џин |
САД (USA) Брејди Елисон Зак Герет Џејк Камински |
Австралија (AUS) Алек Потс Рајан Тајак Тејлор Ворт |
Жени поединечно подробно |
|||
Жени екипно подробно |
Јужна Кореја (KOR) Чанг Хје-чин Чој Ми-сун Ки Бо-бе |
Русија (RUS) Тујана Дашидоржиева Ксенија Перова Ина Степанова |
Кинески Тајпеј (TPE) Леј Ќенјинг Лин Шеѓа Тан Јатинг |
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.