Страшило (1973)
From Wikipedia, the free encyclopedia
Страшило е американски патувачки филм од 1973 година, во режија на Џери Шацберг, во кој главните улоги ги толкуваат Џин Хекман и Ал Пачино. Фокусот на приказната се врти околу односот помеѓу двајца мажи кои патуваат од Калифорнија, со цел да започнат нов бизнис во Питсбург.
Кратки факти „Страшило“, Режисер ...
„Страшило“ | |
---|---|
Режисер | Џери Шацберг |
Сценарист | Гери Мајкл Вајт |
Музика | Фред Мајроу |
Монтажа | Еван Лотман |
Дистрибутер | Варнер Брос |
Премиера | 1973 |
Времетраење | 112 мин |
Земја | ![]() |
Јазик | англиски |
Затвори
На Канскиот филмски фестивал во 1973 година, филмот ја освои наградата Гран при, највисокото признание. Иако финансиски филмот не беше успешен,подоцна се здоби со култен статус .