From Wikipedia, the free encyclopedia
Стоок синец | |
---|---|
Мажјак, примерок во Англија | |
Женка | |
Научна класификација [ у ] | |
Непознат таксон (попр): | Plebejus |
Вид: | Стоок синец |
Научен назив | |
Plebejus argus (Linnaeus, 1758) | |
Стоокиот синец (Plebejus argus) е пеперутка од видот пеперутки синци. Пеперутката е во сина боја и има голем број на точки. Пеперутката ја има во Европа и источен Палеарктик.
Мажјакот има сини крилја со црна граница, бели, шушкави реси и сребрени дамки на задните крила. Женките од овој вид се генерално кафеави и попригушени по боја, но имаат и сребрени дамки на задните крила. Долните страни на мажјаците и женките пеперутки се многу слични. Тие се во тегетна боја, со прстени од црни дамки по должината на работ на крилото.[1]
Пеперугата претпочита влажни долини и ливаци и тревни површини.[2]
Овие пеперуги не се оддалечуваат од местото, односно дневно најдалеку може да одат до 20 м.[3] Поради тоа, пеперугите колонизираат дискретни територии.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.