From Wikipedia, the free encyclopedia
Стефано Стураро (роден на 9 март 1993 година) — италијански фудбалер, играч од средниот ред на Џенова и на италијанската репрезентација.
Стефано Стураро | |||
---|---|---|---|
Лични податоци | |||
Роден на | 9 март 1993[1] | ||
Роден во | Санремо, Италија | ||
Држава | Италија | ||
Висина | м[1] | 1,82||
Позиција | среден ред | ||
Клупски податоци | |||
Сегашен клуб | Џенова | ||
Број | 27 | ||
Младинска кариера | |||
Санремезе | |||
Џенова | |||
Кариера* | |||
Години | Клуб | Наст. | (Гол.) |
2011-2012 | Џенова | 0 | (0) |
2012-2013 | → Модена | 8 | (0) |
2013-2014 | Џенова | 16 | (1) |
2014 | Јувентус | 0 | (0) |
2014-2015 | → Џенова | 13 | (1) |
2015-2019 | Јувентус | 64 | (2) |
2018 | → Спортинг Лисабон | 0 | (0) |
2019- | Џенова | 5 | (1) |
Репрезентација ‡ | |||
2011 | Италија 18 | 4 | (1) |
2011-2012 | Италија 19 | 6 | (0) |
2014-2015 | Италија 21 | 6 | (1) |
2016- | Италија | 0 | (0) |
* Ажурирано на: 6 јануари 2011 ** Ажурирано на: 17 ноември 2010 |
Започнал да игра фудбал во екипата на Санремесе, а потоа се префрлил во младинскиот состав на Џенова.[2] Во 2010 година станал стандарден член на Примавера тимот на Џенова со кој истата година победил во Суперкупот.[3] За сезоната 2012-2013 бил позајмен на Модена.[4] Поради две сериозни повреди,[5][6] одиграл само 8 натпревари за канаринците во Серија Б и 2 во италијанскиот куп.
Пред почетокот на сезоната 2013-14 се вратил во рособлу и го направил своето деби во Серија А на 25 август 2013, влегувајќи во игра во 89-тата минута од натпреварот Интер - Џенова (2-0) во првото коло од сезоната.[7] На 2 март, го постигнал својот прв гол во највисоката категорија поставувајќи ги конечните 2-0 за неговата екипа во натпревар против Катанија.[8] Поради повредата на неговиот тимски колега Матузалем, Стураро добил важно место во почетната постава во вториот дел од сезоната кое нема да го испушти до нејзиниот крај, завршувајќи ја сезоната со 16 настапи и 1 гол.
На 1 јули, потпишал петгодишен договор со Јувентус[9][10] за 5,5 милиони евра, уште 3,5 милиони по постигнувањето на одредени спортски цели, почнувајќи од сезоната 2015-16; бидејќи првата година од договорот со Јувентус би требало да ја одработи на бесплатен заем во Џенова.[9] Својот последен натпревар за Џенова го одиграл на 31 јануари 2015, во ремито 1-1 против Фјорентина, постигнувајќи многу смешен гол кој на крајот му бил препишан како автогол на голманот Татарушану за водство од 1-0; по одличното додавање на Мбаје Нианг најпрво Стураро промашил празен гол од само неколку метри, погодувајќи ја стативата, но за негова среќа топката се одбила од стативата во голманот Татарушану и завршила во мрежата на Фјорентина. Во првиот дел од сезоната 20014-15 одиграл вкупно 15 натпревари во лигата и италијанскиот куп. Во сите натпреварувања, настапил во 31 натпревар и постигнал 1 гол како играч на Џенова.
И покрај тоа што бил предвиден за враќање на лето, Стураро се вратил во Јувентус на 2 февруари 2015 година, поради повредите на двајца играчи од средниот ред Ромуло и Квадво Асамоа.[11] Тој го направи своето деби за Јувентус, на 14 март, играјќи како стартер во победата на гостински терен против Палермо со 1-0[12], додека еден месец подоцна на 14 април дебитирал во европските натпреварувања, влегувајќи во завршницата од првиот натпревар од четврт-финалето на Лигата на шампионите против Монако (1-0 за Јуве);[13] На 5 мај за првпат бил стартер во натпревар од Лигата на шампионите, играјќи 64 минути во победата со 2-1 над Реал Мадрид во полуфиналето;[14] во текот на тој натпревар спасил чист гол на Хамес Родригес при резултат 1-1, откако колумбиецот шутирал со глава кон празната мрежа, Стураро со врвот на копачката го подигнал неговиот удар и тој завршил во пречката.[15] На 23 мај го постигнал својот прв гол во дресот на Јувентус, во првенствената победа над Наполи со 3-1 на домашен терен.[16] Сезоната со бјанконерите ја завршил со освојување скудетото,[17] a потоа и на Купот на Италија,[18] неговите први два трофеја во професионалната кариера.
Следната сезона ја започнал како стартер по заминувањето од клубот на Андреја Пирло и Артуро Видал и повредите на Клаудио Маркизио и Сами Хедира. На 8 август го започнал натпреварот во Суперкупот на Италија против Лацио во Шангај, и бил асистент за првиот гол кој го постигнал Марио Манџукиќ, во победата со 2-0. Својот прв погодок за сезоната го постигнал на 29 ноември во победата со 3-0 на гостувањето против Палермо на Барбера.[19] На 23 февруари 2016 Стураро го постигнал својот прв погодок во кариерата во натпреварите од Лигата на шампионите, во првиот осминафинален натпревар против Бајерн Минхен на домашен терен што завршил 2-2.
На 24 април 2014 за првпат бил повикан во италијанската репрезентација под 21 година, од тренерот Лујџи Ди Бјаџо.[20] Тој го направил своето деби во оваа категорија, при победата со 4-0 во пријателски натпревар против Црна Гора во Кастел ди Сангро.[21] На 9 септември, го постигнал својот прв гол за У21 репрезентацијата во победата со 7-1 против Кипар, во натпревар од квалификациите за Европското првенство, игран повторно во Кастел ди Сангро.
На 14 ноември 2014 година го добил својот прв повик во сениорската репрезентација од селекторот Антонио Конте, за пријателскиот натпревар во Џенова против Албанија кој се одиграл четири дена подоцна, но не влегол во игра.[22]
Хронологија на настапи и постигнати голови за националната селекција ― Италија | ||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Дата | Град | Домашни | Резултат | Гости | Натпреварување | Голови | Инфо | Детали |
06-06-2016 | Верона | Италија | 2 – 0 | Финска | Пријателска | - | 64' | |
17-06-2016 | Тулус | Италија | 1 – 0 | Шведска | Евро 2016 - Прва фаза | - | 85' | |
22-06-2016 | Лил | Италија | 0 – 1 | Ирска | Евро 2016 - Прва фаза | - | 87' | |
02-07-2016 | Бордо | Германија | 1 – 1 прод. (5-4 пен.) | Италија | Евро 2016 - Четвртфинале | - | 54' | |
Вкупно | Настапи | 4 | Голови | 0 |
Статистиката е ажурирана на 23 февруари 2016.
Сезона | Клуб | Првенство | Национален куп | Континентален куп | Останати купови | Вкупно | ||||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Лига | Наст | Гол | Лига | Наст | Гол | Лига | Наст | Гол | Лига | Наст | Гол | Наст | Гол | |||
2012-2013 | Модена | Б | 8 | 0 | КИ | 2 | 0 | - | - | - | - | - | - | 10 | 0 | |
2013-2014 | Џенова | А | 16 | 1 | КИ | 0 | 0 | - | - | - | - | - | - | 16 | 1 | |
2014-јан. 2015 | А | 13 | 0 | КИ | 2 | 0 | - | - | - | - | - | - | 15 | 0 | ||
Вкупно Џенова | 29 | 1 | 2 | 0 | 31 | 1 | ||||||||||
јан.-јун. 2015 | Јувентус | А | 12 | 1 | КИ | 1 | 0 | ЛШ | 2 | 0 | СИ | - | - | 15 | 1 | |
2015-2016 | А | 19 | 1 | КИ | 2 | 0 | ЛШ | 6 | 1 | СИ | 1 | 0 | 28 | 2 | ||
2016-2017 | А | 2 | 0 | КИ | - | - | ЛШ | - | - | СИ | - | - | 2 | 0 | ||
Вкупно Јувентус | 33 | 2 | 3 | 0 | 8 | 1 | 1 | 0 | 45 | 3 | ||||||
Вкупно во кариерата | 70 | 3 | 7 | 0 | 8 | 1 | 1 | 0 | 86 | 4 |
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.