Стевија
род растенија / From Wikipedia, the free encyclopedia
Стевија (науч. Stevia) — род кој опфаќа околу 240 видови билки и грмушки од семејството на главоцветните (Asteraceae), со потекло од суптроските и тропските подрачја од западна Северна Америка до Јужна Америка.
Кратки факти Стевија, Научна класификација ...
Стевија | |
---|---|
Цветови на слатката стевија | |
Научна класификација | |
Домен: | Еукариоти |
Царство: | Растенија |
Нерангирано: | Скриеносеменици |
Ред: | Ѕвездовидни |
Семејство: | Главоцветни |
Потсемејство: | Главоцветни |
Племе: | Ресници |
Род: | Стевија Cav. |
Видови | |
околу 240 видови, вкл.: Список
| |
Синоними[1] | |
|
Затвори
Видот слатка стевија (Stevia rebaudiana) е од големо стопанско значење бидејќи содржи соединенија (стевиолни гкликозиди) кои даваат сладок вкус и се преработува во засладувач под општиот назив „стевија“ и неколку трговски називи.[2] Растението се користело од мештаните долго пред неговото воведување на светските пазари.