Староградско Поле
From Wikipedia, the free encyclopedia
Староградското Поле, во близина на градот Стари Град на островот Хвар, Хрватска, ― земјоделски предел што бил изработен од старогрчките колонисти во 4 век п.н.е., и останува во употреба. Полето е најголемата земјоделска област на кој било од јадранските острови и е неверојатно плодна како резултат на таложење на лес во леденото доба.[1] Овој пејзаж е скоро целосно зачуван од неговиот првичен облик. Античкиот распоред е зачуван со внимателно одржување на камените ѕидови во текот на 24-те века, заедно со камените засолништа[2][3] и системот за собирање вода. Истите култури, главно грозје и маслинки, сè уште се одгледуваат на нивите, а наоѓалиштето е исто така природен резерват. Наоѓалиштето е вреден пример за старогрчки систем на земјоделство и бил запишан како светско наследство на УНЕСКО во 2008 година.[4]
Староградско Поле | |
---|---|
Староградското Поле | |
Местоположба | Сплитско-далматинска Жупанија, Хрватска |
Тип: | Културолошки |
Критериуми: | ii, iii, v |
Прогласено: | 2008 (32. заседавање) |
Број | 1240 |
: | Европа и Северна Америка |
Културно добро на Хрватска | |
Службен назив: Starogradsko polje | |
Грешка во Lua во Модул:Location_map, ред 522: Unable to find the specified location map definition: "Module:Location map/data/Croatia" does not exist |